На 62. седница на Советот на Општина Кочани со 9 гласови ЗА и 1 воздржан Венко Крстевски во вториот круг беше избран за в.д. Градоначалник на Општина Кочани.
Инаку на 62.седница на Советот на Општина Кочани советниците дебатираа по една точка а тоа беше избор на в.д. Градоначалник на Општина Кочани.
Двајца советници ја истакнаа својата кандидатура, Венко Крстевски кој доаѓа од независната листа и Гоце Марков од ВМРО ДПМНЕ.
Крстевски функцијата ќе ја извршува до наредните Локални избори.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ