ВИКЕНДОТ СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ

Во Спорт
февруари 28, 2025
1 минути

Престојаниот викенд започнуваат натпреварите од пролетниот дел  во Втората Фудбалска Лига за жени.

Во Недела со почеток во 14:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани есенскиот шампион, екипата на „Кочани“ ги пречекува „Билјанини извори“. Според упатените, ова ќе биде дерби на колото, охриѓанки се засилија со неколку квалитетни играчи за време на зимскиот преоден рок, додека кочанчанки доведоа три нови засилувања со што го зголемија ростерот во екипата.

Двојки од 8-то коло:

Кочани – Билјанини извори

Порече – Слободен

Борец – Победа Валандово

Плачковица – Вардар

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ