ВО ДВОРОТ НА ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ОРГАНИЗИРАН ХУМАНИТАРЕН ЕСЕНСКИ БАЗАР

ноември 12, 2025
0 минути

Есенски базар по повод патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ се одржа во дворот на училиштето.

На базарот посетителите имаа можност да уживаат во богатата понуда на ракотворби, есенски производи, вкусни домашни деликатеси и креативни изработки подготвени со љубов и посветеност од учениците, наставниците и родителите. Настанот беше збогатен со културно – уметничка програма, музика, дружење и многу насмевки, во духот на заедништвото и традицијата.

На настанот учествуваа ученици и наставници од повеќе училишта од Кочани, соседните општини, а учениците од угостителското СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово готвеа солени и слатки кратовски специјалитети на лице место во дворот на училиштето.

Есенскиот базар беше настан како дел од одбележување на патрониот празник на училиштето. Како дел од патронатот на 13 Ноември (четврток) во 17 часот во салата на училиштето ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар кој ќе се одигра во пријателска и спортска атмосфера, а целта е преку забава, игра и спортски дух да придонесеме за едно хумано дело. Настанот ќе биде збогатен со навивачка енергија, поддршка од публиката и многу дружење.

Од училиштето ги покануваат сите ученици, родители, наставници и пријатели да бидат дел од овој убав хуман гест и да поакжеме дека заедно можеме повеќе.

Собраните средства од есенскиот базар и од фудбалскиот натпревар се наменети за Иле Стојанов од Оризари.

ООУ „Крсте Петков Мисирков“

Оризари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ