ВО КОЧАНИ И ВО СЕЛО ГРДОВЦИ ТРИ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

август 19, 2025
1 минути

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во с.Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцата од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со

марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер. Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ