ВО НЕДЕЛА ФИДЕР НАТПРЕВАР НА „БРАНА ГРАДЧЕ“

Во Спорт
јуни 1, 2022
1 минути

Во организација на СРЗЕК „Кочански рибар“ на 05. Јуни (Недела) на „Брана Градче“ ќе се одржи „Фидер натпревар“.

Според пропозициите во времетраење од 6 часа ќе се лови:

– со две фидер трски со по една јадица или со една трска со две јадици.

– може да се лови и фидер метод,и со хранилица корпа

– нема ограничување на прихрана,

– ќе се бодува секоја фатена риба,

– дозволени се сите видови на мамци.

– се прихранува само со хранилка со трска,

– нема користење на чатал освен трска со хранилка.

-дозволено е монтирање на мамец и на влакно и на јадица.

Сите пријавени лица потребно е во 08:00 часот да бидат кај новиот мотелза да може во 08:30 часот да се извлечат позициите и натпреварот да започне во 10:00 часот.

Котизацијата изнесува 500,00 денари.