ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, СЕМИНАР И ПОЛАГАЊЕ ЗА СУДИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

Во Спорт
септември 7, 2023
1 минути

Десетина дена пред стартот на првенствените натпревари во Трета Фудбалска Лига – исток, денес во нејзиното седиште во Кочани членови на Комисијата за едукација при ФФМ Марјан Кировски и Драган Стојановски одржаа семинар а беше спроведено и полагање за судиите, делегатите и контролорите. Судиите ги полагаа писмениот дел и физичките норми, а делегатите и контролорите писмениот дел.

На крајот членот на Комшијата за едукација при ФФМ Марјан Кировски одржа предавање на кое ги запозна судиите и службените лица со новите правила, односно со дел од измените во однос на претходната година.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ