Во сабота (07. Февруари) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 14:00 часот ќе се одигра Хуманитарен фудбалски натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани помеѓу екипите на „Осогово“ и прволигашот „Вардар“ од Скопје.
Сите средства од продадените билети ќе бидат наменети за изградба на спомен обележјето „Патека на бесконечноста“.
Цената на влезницата е 100,00 денари а влезниците можат да се купат на касата на влез на стадионот како и во Пицерија „Пјаца“, кафеана „Кај Столе“ Тобако „Џајка“ и Тобако „Алмо“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
