Ознака: фудбал

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ МУ ГОСТУВА НА „ТЕТЕКС“
Утре (Сабота) за во 17:00 часот се закажани натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига. На програмата се неколку интересни натпревари во кои победникот ќе биде неизвесен до последниот свиреж на судијата. „Осогово“ по лошиот старт на домашен терен против „Беса“ веќе утре патува во Тетово каде ќе и гостува на екипата на „Тетекс“…

ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ВО БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА
По извршената жрепка за одредување на двојките за бараж натпреварите за влез во Втора Фудбалска Лига, ФФМ експресно ги одреди и градовите домаќи. Навидум сите ќе играат на неутрален терен, но дали е баш така!? Натпреварот „Осогово“ – „Тетекс“ ќе се игра во Скопје, „Вардар“ (Неготино) – „Новаци“ во Кичево а „Башкими“ – „Влазрими“ во…

ЖРЕПКАТА ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗАКАЖАНА ЗА 25 МАЈ
Познати се петте шампиони во петте региони како и екипата која се пласираше на 13-тото место по завршувањето на натпреварите во Втора Фудбалска Лига кои ќе учествуваат во бараж натпреварите за влез во Втора Фудбалска Лига за првенството 2023/2024 година. „Осогово“ (Кочани) „Вардар“ (Неготино), „Башкими (Куманово), „Новаци“ (Новаци), „Влазрими“ (Кичево) и „Тетекс“ (Тетово) на 25…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК – ЗА „ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА Е ИМПЕРАТИВ
Недела, 16:00 часот, термин за почеток на натпреварите од 19-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток. По лошото издание на лидерот „Осогово“ минатото коло во Пробиштип или подобро, по одличната игра на домаќините кога со три гола во мрежата ги испратија кочанчани, веќе во Недела нов предизвик за „жетварите“. Во Кочани гостува екипата на…

СПОРТСКИ ФОТОГРАФИИ НИЗ ИСТОРИЈАТА НА КОЧАНИ
Деновиве како колекционер на стари спортски фотографии од Кочани ми беа подарени три мошне интересни, на кои се наши сограѓани кои како големи љубители на спортот решиле да присуствуваат на меѓународниот фудбалски натпревар Југославија – Унгарија 2:2. Заедничката фотографија е направена на Калемегдан во Белград а останатите две од самиот натпревар. На позадината на фотографијата…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО МЕЧ ТОПКА ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
За време на викендот се играат натпреварите од 14-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Во сабота на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 11:00 часот се игра дербито на дното во кое кочанчанки, некогашните Шампиони и победници во Купот ја имаат првата меч топка за зачувување на прволигашкиот статус. Минатогодишниот шампион…

ЈОВАН ДОЈЧИНОВ И ДРАГАН ПАУНОВ ПОТПИШАА ЗА „СЛОГА 1934“
Како што е објавено на страната на „Слога 1934“ – Виница од денес за второлигашот е побогат за две нови имиња, Јован Дојчинов и Драган Паунов. И двајцата во „Слога 1934“ дојдоа од екипата на „Осогово“ од Кочани. Драган Паунов на зелениот терен се враќа по пауза од близу две години, додека Јован Дојчинов во…

ГОРАН ЗДРАВКОВ НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Со одигрувањето на натпреварите од 15-тото коло во Саботата и официјално заврши есенскиот дел од првенството во Втора Македонска Фудбалска Лига. Екипата на „Гостивар“ е есенски шампион пред екипите на „Вардар“, „Воска Спорт“, „Пелистер“ и „Детонит Плачковица“. Токму екипата на „Детонит Плачковица“ е најголемото изненадување во есенскиот дел од првенството. Пред почетокот на првенството никој…

КОЧАНИ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛЕН ЖЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ФЕСТИВАЛ
Во организација на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани а со поддршка на Фудбалската Федерација на Македонија денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, еден од четирите градови во Македонија, под мотото „Ајде на фудбал“ се одржа „Регионален женски фудбалски фестивал“. Шест градови од истокот: Кочани, Виница, Македонска Каменица, Штип, Струмица и Радовиш на фудбалскиот фестивал…

ЈОВАН МАНЕВ ГО ОДИГРА ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР ВО КУПОТ НА ТУРЦИЈА
Јован Манев ги одигра сите деведесет минути за „Адана Демирспор“ на денешниот натпревар од Фудбалскиот Куп на Турција. Неговиот „Адана Демирспор“ денес славеше како домаќин против „Назилиспор“ 4:3 (2:2). Ова е втор натпревар од Фудбалскиот Куп на Турција на кој Манев одигра деведесет минути. Така созреваат големите играчи. С. Ивановски