Во Сабота (29.03.2025 година) со почеток во 17:30 часот во Ресторан „Але Дар“ во Кочани ќе се одржи првата работилница насловена како Почеток на иницијативата „Сите за Кочани“.
На работилницата ќе бидат опфатени темите:
1.Оддавање почит на починатите и изразување сочувство на семејствата. Донирање преку поставените кутии за донација;
2.Охрабрување на преживеаните/повредените да се борат храбро во чест на починатите другари, пријатели, браќа, сестри и сограѓани.
3.Справување со црни мисли и мисли за самоповредување при трагедија и загуба на блиски – како да се надмине оваа состојба.
4.Важноста на социјализацијата, дружењето, прошетките и спортот при вакви трагедии и катастрофи.
5.Опасност од дезоцијализација, затворање во себе, избегнување на дружење и последиците од тоа.
6.Опасност од создавање зависност од лекови и опојни дроги барајќи утеха.
7.Позитивното влијание на комуникацијата, споделувањето на тагата, размената на совети за надминување на лошата психичка состојба, како и разговор со психолог/психијатар.
8.Спортот и друштвените игри како директни позитивни влијатели врз психо-физичкото здравје на луѓето.
Заинтересираните своето присуство можат да го најават на телефонскиот број 072-278-001 или на социјалните мрежи на Instagram и Facebook профилите на ALE-DAR Premium hotel & Restoran i PREMIUM Gym & Fitness.
Гости:
Тоше Зафиров – Спортист и дипломиран психолог;
Ивица Алексовски – Тренер по боречки вештини и БЈЈ мајстор;
Маја Поцевска – ТВ водител;
Припадници на ТППЕ – Кочани и ДПД – Кочани
Организаторите на оваа работилница го очекуваат вашето присуство.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ