ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ГОРАН ЗАШОВ

јануари 19, 2025
1 минути

Во присуство на  неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот беа осветени водите на „Кочанска Река“.

Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 44 пријавени капачи најбрз и најсреќен беше 39-годишниот Горан Зашов.

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Георгиј“ пред голем број на верници се одржа свечена божествена литургија по која свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон „Крушарскиот мост“ кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот Богојавление – Водици..

Храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ на Горан Зашов му подари „Библија“, Компанијата „Зегин“ му врачи вредносен ваучер а додека Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му подари златник.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ