ВРАЧЕНИ ДОГОВОРИТЕ НА 30 СТУДЕНТИ КОИ ЌЕ ЈА КОРУСТАТ ОПШТИНСКАТА СТИПЕНДИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИБНА

декември 29, 2022
0 min read

Во старат сала на Советот на Општина Кочани денес Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов им ги врачи договорите на 30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година.

Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави, од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки.

Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, несоодветен просек или не се студенти на државните универзитети. Во категоријата стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести немаше ниту една пријава.

Стипендиите со месечен износ од 3.000,00 денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2022/23 година.

С.  Ивановски