ВРАТЕНА ВО ФУНКЦИЈА ФОНТАНАТА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО КОЧАНИ

јуни 29, 2026
1 минути

По спроведен целосен ремонт и отстранување на техничките дефекти, од денеска повторно е во функција фонтаната во Паркот на Револуцијата во Кочани.

По максималните заложби на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и на директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев, фонтаната пак ја носи свежината во Градскиот парк во Кочани, според ритамот на музиката.

Градоначалникот Грозданов, информира дека по интензивни активности и координација со КЈП „Водовод“, успешно е завршена санацијата на најатрактивниот елемент на Градскиот парк.

– Економскиот оператор изврши сервисирање на пумпите, електронските уреди и отстранување на останатите констатирани недостатоци, со што фонтаната повторно е ставена во целосна функција – истакнува градоначалникот.

Во меѓувреме продолжуваат активностите за повторно активирање и на фонтаната „Зрно“ во Трговскиот центар во Кочани. Според најавите, до крајот на седмицата се очекува и таа повторно да проработи, откако ќе пристигнат и се вградат нарачаните делови од Италија.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ