Во неделата во вечерните часови Општина Кочани излезе со Итно Соопштение под слоганот „Водата е за сите нас“. Во текстот меѓу другото е напомнато дека вообичаената потрошувачка на вода изнесува околу 23 литри во секунда а дека во моментот (Недела) потрошувачката е 53 литри во секунда и дека повеќе од двојното зголемување на потрошувачката на вода го оптоварува водоснабдителниот систе.
Причината за ваквата состојба е масовното користење на водата за наводнување на тревници, бавчи и земјоделски култури, како и за миење на дворови, бекатон површини и други површини.
Енормното зголемување на потрошувачката на вода во текот на вчерашниот ден (Недела) било забележано во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци.
Доколку ваквата состојба продолжи ќе бидат воведени рестрикции за несовесните корисници со цел да се обезбеди уредно и непречено водоснабдување за сите граѓани.

После последната реченица се поставува прашањето „Зошто сите корисници да страдаа и да немаат вода во овие горештини поради поединци?“
Дали менаџерскиот тим од Општина Кочани преку нивниот менаџер во КЈП „Водовод“ – Кочани сакаат да си ја прикријат својата неспособност за менаџирање:
Господа, и од Општина Кочани и од КЈП „Водовод“ – Кочани, ако сте наши сограѓани вие требаше пред да се нафатите на функциите кои ги извршувате да знаете дека овој проблем не е од денес, туку дека истиот со години се провлекува.
Како можете со рестрикција на вода да ги казнувате корисниците кои редовно си ја плаќаат водата и чија потрошувачка во летниот период Јуни-Август не надминува повеќе од 15% од просечната искористеност за периодот Септември-Мај.

Господа менаџери, ако навистина мислите дека сте менаџери и дека на тие места сте поставени да го подобрите животот на жителите на Кочани требаше неколку месеци пред да дојде летото да се состанете и да изнајдете начин да не се случува она што се случуваше и во времето на вашите претходници. Сега е доцна,
Секој ваш обид за рестрикција на вода на совесните корисници треба да подлежи на тужби и надомест на штета од ваша страна,
Вам изминатите месеци ви беа поважни посетите и фотографирањето со гостите од страна отколку да седневте и да поразговарате за проблемот кој го тишти Кочани со години во овој период.
Господа, не знам дали знаете а сигурен сум дека сте слушнале или прочитале дека Кочани лежи на вода а неговите жители поради несовеста на одредени поединци треба да останат без вода.
И чудно и смешно.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
