ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ГОНЕ – 2023“

Во Спорт
октомври 12, 2023
1 минути

На еден од најголемите Македонски празници 11 Октомври, а во чест на еден од најголемите спортски работници во Кочани Благој Јанков – Гоне, се одржа вториот меморијален марш „Гоне 2023“.

До месноста „Мактеон“ каде беше зборното место тргнаа две групи со вкупно 25 љубители на планинарскиот спорт.

Едната група  во која поголемиот број беа планинари од Планинарски спортски клуб „Осогово“ тргна во 08:00 часот од „Паркот на Револуцијата“ до Гратче од каде од десната страна имаа искачување до „Мактеон“. Другата група тргна во 09?00 часот од пред „Градскиот плоштад“ па преку фабриката за вода до „Пресечена скала“ од каде се спушти кон „Мактеон“,

На зборното место во чест на Благој Јанков – Гоне говор одржа неговиот другар и пријател Благој Пенов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ