ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ БЕЗ БЕЛО ЗНАМЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во Спорт
октомври 4, 2024
1 минути

Недела 14:00 часот, термин резервиран за почеток на натпреварите од 7-то коло во Втора Фудбалска Лига.

Тимот на „Осогово“ осоколен по првата есенска победа без бело знаме и со верба во себе патува во Горче Петров каде ќе и гостува на екипата на „Македонија ГП“ која важи за еден од фаворитите за освојување на едно од првите две места.

„Осогово“ иако минимално и дури во финишот дојде до трите бода во минатото коло кога беше домаќин против „Борец“ радува сепак пристапот на играчите и големата желба за успех. Ако „жетварите“ во почетните кола одвај имаа снага за 30 минути, денес сликата е поинаква се игра цел натпревар. Тренерот Горанчо Георгиев уште со самото назначување за Шеф на Стручниот штаб на сите им стави до знаење дека ќе играат најспремните па затоа и младите кои се повеќе ги уфрла во игра со голема желба и борбеност се борат да ја оправдаат довербата.

Играчите се желни за докажување а успехот ќе дојде само со тимска игра.

Двојки за 7-то коло:

Македонија ГП – Осогово

Аресими – Вардарски

Детонит Плачковица – Вардар (Н)

Брегалница – Кожуф

Борец – Скопје

Беласица – Каменица Саса

Охрид – Новаци

Башкими – Победа

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ