ЗАГРАДЕНИОТ ТЕРЕН ЗА МАЛ ФУДБАЛ ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБА

јуни 9, 2025
1 минути

Искршен дел од трибините, искинати мрежи, оштетен терен, тоа е моменталната слика на заградениот терен за мал фудбал во дворот на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Иако на двапати се поставуваше вештачка трева, дали од преголемата употреба, дали од квалитетот таа и првиот а и сега вториот пат лесно се оштетува. Мрежите кои неодамна се поставија речиси и да ги нема, скинати или исечени па однесени некаде на друго место за некоја друга употреба.

 

Посебна приказна е и постарата трибина која е на јужниот дел од игралиштето. Штиците за седење очигледно дека некој намерно ги извадил и ги спремил за понатамошна употреба. Како трибината има повеќе оштетувања може да се претпостави дека вадењето на штиците трае неколку дена.

На овој терен се игра традиционалниот Петровденски турнир, но го користат и некои фудбалски школи за тренирање во ноќните часови за да се избегнат горештините.

Што може да се случи за време на некој натпревар доколку некој се најде на вештачката трева и тоа на оштетениот дел, не треба ниту да помислуваме, повредите се болни и траат подолг период.

Надлежните под чии ингеренции е теренот треба да го најпрвин реновираат просторот и теренот, да постават стражарска служба (нормално лицата да се плаќаат) се со цел да се сочува и овој простор за да може младите да има каде да спортуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ