АРХИТЕКТОТ ШТО ГО ПОСТАВИ ЈАВНИОТ ТОАЛЕТ ВО ПАРКОТ, ГО НАПРАВИ НАЈГОЛЕМОТО РУГЛО ВО ГРАДОТ

март 27, 2023
1 минути

Едно од нај контроверзните решенија што се направи при реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ е поставениот јавен тоалет веднаш зад дислоцираните споменици на Љупчо Сантов и Раде Кратовче.

Читателите сигурно се сеќаваат на нашата реакција во која образложивме дека искусни и пензионирани архитекти и градежни инженери отворено зборуваа дека тоа е едно од најлошите решенија.

Дека тоа излезе така потврдуваат фотографиите што ги добивме.

Како прво јавниот тоалет е поставен на несоодветен простор кој тешко се осветлува од надвор па се случува она што й се случува.

Како второ, поставувањето позади спомениците е потценување на двајцата наши борци кои животите си ги дадоа некој во слобода да проектира.

Како трето, НУЦК „Бели Мугри“ е културна установа која не заслужува да има од надвор јавен тоалет бидејќи кога има културни настани фреквенцијата на луѓе е поголема па глетката не е убава за никого.

Поради сето тоа, еве јавно ги повикуваме одговорните во општината под итно да најдат посоодветно решение, јавниот тоалет да биде дислоциран,  бидејќи наидуваат топли денови кога миризбата што ќе се шири од тоалетот само ќе ги брка посетителите меѓу кои е и огромен број дечиња од „Паркот на Револуцијата“.

За жал, граѓаните сме тие што ги толерираме ваквите „преку ноќ“ наметнати решенија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ