ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ

декември 11, 2025
0 минути

Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје на Кочани.

Се поставува вертикалната сигнализација на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“.

Изменетиот режим ќе се применува по целосното поставување на вертикалната сигнализација, а првите неколку денови сообраќајот ќе се одвива со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ