Само што навивачите на „Осогово“ се зарадуваа на победата против „Победа“ во 12-тото коло, кога веќе во наредното 13-то на гостувањето во Новаци го доживеаја еден од потешките порази за клубот кој годинава слави еден век постоење.
„Новаци“ како домаќин го демолира „Осогово“ и го совлада со 5:0 (3:0) по што ги вратија „жетварите“ во реалноста. Дека „Осогово“ нема ниту тим ниту игра во ова првенство се виде уште на почетните натпревари во првенството за да сега на две кола до крајот на есенскиот дел покажат дека со овој потенцијал немаат квалитет за да играат во второлигашката конкуренција.
Домаќините поведоа во 18’ со голот на Бобан Здравевски за да во 30“ Иве Трифуновски го зголеми водството а да веќе во 35’ со голот на Михаил Милевски јасно им стават до знаење на кочанчани дека бодовите остануваат дома.
Во второто полувреме со погодоците на Стефан Јовановски во 77’ и и Резервистот Александар Поповски во 90+3 „Новаци“ обезбеди висока победа а најавите на „жолто-сините“ пред натпреварот дека патуваат во Новаци по најмалку еден бод биле чиста илузија.
Со овој пораз „Осогово“ остана на дното на табелата каде до последното коло ќе се бори за зачувување на второлигашкиот статус.
Така беше минатото првенство, така е и во ова. Дали навиките кочанчани тешко ги надминуваат?
Резултати од 13-тото коло:
Новаци – Осогово 5:0
Македонија ГП – Вардар (Н) 5:0
Аресими – Борец 1:0
Беласица – Брегалница 0:1
Охрид – Детонит Плчаковица 1:3
Башкими – Кожуф 1:0
Победа – Скопје 0:2
Каменица Саса – Вардарски 5:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ