ЖИТЕЛИТЕ НА КОЧАНИ ДА СЕ ВОЗДРЖАТ ОД КОРИСТЕЊЕ АВТОМОБИЛИ

март 11, 2026
1 минути

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар, Кочани очекува бројни гости, делегации и посетители од државата и од странство, кои ќе дојдат да им оддадат почит на жртвите и да ја споделат болката и сеќавањето со локалната заедница.

На прес-конференцијата што ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината, беше упатен апел до жителите на Кочани да придонесат во одржувањето на сообраќајниот ред низ кочанските улици.

– Најавени се гости од клинички центри, воени академии и болници од повеќе држави коишто помогнаа во лекувањето на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“. Со цел да обезбедиме достоинствено и непречено одбележување на овој ден, ги повикувам жителите на Кочани, колку што е можно, да ги остават автомобилите и низ градот да се движат пеш или со велосипеди. На тој начин сите заедно ќе придонесеме за подобар сообраќаен ред, поголема безбедност и полесно движење на сите посетители – повика градоначалникот Грозданов.

Градоначалникот повика граѓаните навремено да ги повлечат своите возила од паркинзите долж улиците, со цел екипите на КЈП „Водовод“ непречено и темелно да извршат миење на градските сообраќајници.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ