На 26.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ѓ.(38) од Кочани пријавила дека околу 20.00 часот во нејзината семејна куќа во Кочани, од страна на женско лице Х.Ј. од Кочани, по вербална расправија, со тврд предмет била нападната нејзината малолетна ќерка.
По комплетирање на случајот против Х.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ