Лазар Захариев со подигнати 202,5 килограми го освои првото место на „Меѓународниот шампионат“ во поверлифтинг и бенч прес што се одржа во Тиват (Црна Гора).

На шампионатот учествуваа претставници од 10 држави а Лазар Захариев титулата „Шампион“ ја освои во групата на ветерани.
Честитки за новиот триумф на Захариев кој и овој пат го подели со сопругата и синот како негови најголеми навивачи.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
