БЛАГОЈЧО КОЦЕВ НА ЗЕЛЕНИОТ ТЕРЕН ДУРИ ВО НАРЕДНОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
април 14, 2022
1 минути

За одбранбениот играч на „Слога 1934“ од Виница а во минатите првенства и на „Осогово“ од Кочани Благојчо Коцев годинешното првенство е завршено.

Коцев повреда заработи во првото пролетно коло против екипата на „Пехчево“ и од тогаш е надвор од зелениот терен.

Лекарите според првите направени снимки се сомневаа дека е повреден менискусот и му беше предложен оперативен зафат. Коцев имаше оперативен зафат минатиот петок во Клиниката „8-ми Септември“ во Скопје но не на менискусот како што првин сметаа лекарите туку на оштетената р’скавица.

Го контактиравме Благојчо Коцев и од него дознавме дека месец дена ќе има пауза а потоа ќе почне да оди на физикална терапија по што ќе се знае кога ќе почне со тренинзи.

Како и да е овој извонреден одбранбен играч може да биде спремен само за следното првенство.

Му посакуваме добро здравје и брзо враќање на зелениот терен.

С. Ивановски