СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЈА ОСВОИЈА ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

мај 3, 2023
1 min read

Идејното решение на средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани за решавање на проблемот со загаден воздух беше причината да им биде доделена првата награда на Boodkamp-от кој од 25.04 до 27.04.2023 година  се одржа во хотел „Дрим“ во Струга.

Денес речиси и не може да се зборува за чист воздух. Но не е во прашање дали, туку колку е загаден тој воздухот што го дишат граѓаните на Кочани. Секојдневното соочување со протести од граѓаните по социјалните мрежи а некогаш организирани и на отворен простор, бројни плакати, написи, мурали беа причината учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани да седнат и да изнајдат идејно решение за решавање на проблемот со загадениот воздух.

И по многу работа и самоодрекување успеаја да го пронајдат идејното решение, а тоа е Дигитален фотосинтетски билборд.

Токму со тоа нивно идејно решение учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ под менторство на професор Ирена Димитрова Јорданова аплицираа на UPSHIFT циклус дигитализација  и беа избрани меѓу десетте финалисти на ниво на Република Северна Македонија.

На Boodkamp-от што се одржа во Струга тие го промовираа дигиталниот фотосинтетски билборад со изработен прототип и ја освоија првата награда во износ од 120.000,00 денари.

Искористувајќи ја биолошката фотосинтетска способност на алгите, како и моќта на сончевата енергија како обновлив извор на енергија, иновацијата допринесува кон прочистување на загадениот воздух. Билбордот нуди можност и за прикажување на дигитални визуелни реклами каде ќе имаат можност да се рекламираат општествено одговорните компании.

Решението позитивно влијае како од еколошки, така и од економски аспект.

Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани освоија и втора награда, за најкреативна фотографија со менторот.

Пораката е испратена, идејата за чисто Кочани е на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и на никој друг.

Респект за нашите млади сограѓани.

С.  Ивановскиу

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ