КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТ НА УЛИЦА „МАКЕДОНСКА“ ВО КОЧАНИ

мај 5, 2023
1 минути

По претходно детектиран сериозен дефект на главниот доводен цевковод на улица “Македонска” во Кочани од страна на стручните екипи на КЈП “Водовод” е излезено на лице место.

Во рамките на своите надлежности, вработените во Секторот за водовод и канализација заедно со градежните екипи го лоцираа проблемот и истиот навремено го санираа.

По извршената интервенција и санација на настанатиот дефект на улица “Македонска” во Кочани, корисниците од оваа улица непречено ги добиваат услугите од КЈП “Водовод”.

КЈП “Водовод” – Кочани