ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ЌЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ВО ОРИЗАРИ

март 7, 2024
1 минути

Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се одвиваат градежни активности на улицата  „Кеј на револуцијата“.

Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување на тротоарите. Проектот опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода и поврзување со улицата „Ангел Донев“. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ од 11,5 милиони денари се од Буџетот на Општина Кочани.

Паралелно со градежните активности, се работи и на уличното осветлување. Поставени  се фундаменти за уличните столбови. Работите ги изведува „Код инженеринг“ од Скопје. За изградба на јавното осветлување на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ се наменети 2 милиона денари.

Со изградбата на овој потег од улицата, кејот на Масалница на влезот во Оризари целосно ќе се обликува. Во функција на уредување на кејот на реката се и порамнувањата и чистењето на теренот во горниот тек на реката.

 

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ