НОВА ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“, „КАМЕНИЦА САСА“ СИ ПОИГРА СО ЛИДЕРОТ

Во Спорт
ноември 27, 2021
1 минути

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток во кое по две победи остварија домаќините и гостите а еден натпревар заврши без победник.

Она што го најавуваа играчите на „Осогово“ пред гостувањето кај „Братство“ во целост го реализираа. Со сигурна и ефикасна игра дојдоа до нови три бода со кои се искачија на петтото место на табелата. Жетварите уште во првата минута поведоа со голот на Мицевски за да веќе во 13’ домаќините го изедначат резултатот и со тој резултат се замине на одмор. Во второто полувреме агресивната игра на „жетварите“ го даде посакуваниот резултат. Најпрвин Тоше Манов од пенал повторно ги врати „жолто-сините“ во предност за да нешто подоцна најпрвин Андреј Симевски а потоа и со вториот погодок на Тоше Манов кочанчани дојдат до нови три мошне значајни бода. Во последната минута домаќините го ублажија поразот.

Во дерби натпреварот во Македонска Каменица „рударите“ во се го надиграа лидерот на табелата и со три погодока во мрежата на прилепчани ја направија борбата за првото место уште поинтересна. Во Виница „Слога 1934“ без поголеми напори ја совлада „Локомотива“ и по поразот на „Победа“ пак се искачи на лидерската позиција. Во Гевгелија немаше победник а „Беласица“ во Пехчево го изненади „Кит-Го“.

Резултати од 12-тото коло:

„Братство“ – „Осогово“  2:4

„Каменица Саса“ – „Победа“  3:0

„Слога 1934“ – „Локомотива“  3:0

„Кит-Го“ – „Беласица“  0:1

„Кожуф“ – „Детонит“  1:1

Во водство е „Слога 1934“ со 28 бода, пред „Победа“ 26, „Каменица Саса„ 24, „Беласица“ 23, „Осогово“ 17, „Кит-Го“ 16, „Детонит“ 14, „Кожуф“ 13, „Локомотива“ 5 и „Братство“ 4.

Во 13-тото коло „Осогово“ и гостува на „Локомотива“.

С. Ивановски