НЕПОБЕДИВАТА „СЛОГА 1934“ „ТУШИРАНА“ ВО КАРБИНЦИ

Во Спорт
ноември 3, 2024
1 минути

Требаше да поминат осум кола па да виничка „Слога 1934“ го доживее првиот пораз во годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Виничани иако први поведоа сепак денес во Карбинци беа „туширани“ од полетната  и дисциплинирана екипа на „Карбинци“. По водството на виничани домаќините не паднаа психички, туку напротив играа за своја душа и за своите симпатизери по што стигна израмнувањето. Во второто полувреме „Слога 1934“ не искористи пенал а домаќините знаеја тоа да го казнат, постигнаа погодок и со конечен резултат од 2:1 му го нанесоа првиот пораз во ова првенство.

Кога на крајот се ќе се собере победи големото срце  на играчите на „Карбинци“.

Резултати од 8-то коло:

Хоризонт Турново – Ударник  1:1

Дојранско Езеро – Светлост Зрновци  2:1

Карбинци – Слога 1934  2:1

Овче Поле – Брегалница 1926  1:1

Малеш – Тиверија  3:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ