ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА БАШКИМ МЕЏИТИ – ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА

јуни 17, 2023
0 min read

Во „Фоаје 2“ на катот во Националната Установа, Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани синоќа беше отворена самостојната изложба на  Башким Меџити, насловена како „Патувачка изложба“.

Поставени се 25 дела, акрил на платно кои љубителите на уметноста ќе можат да ги проследат во следните две седмици.

Инаку оваа изложба прв пат беше поставена во Струмица, синоќа во Кочани а својот финиш ќе го има во Струга.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ