КОГА „ГАЗДАТА“ ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ШУТОТ?

јуни 24, 2023
0 min read

Повеќе од една седмица овој шут е фрлен онака како што се гледа на фотографијата и како да чека некој да дојде да го собере и да го исчисти просторот.

Пред повеќе од една седмица на источниот дел од Блок „А“ на катот во трговскиот центар се рушеше ѕид со цел два објекти да бидат споени. Мајсторите гледаа што побргу да ја завршат работата па ниту го спазуваа времето за работа пропишано според Куќниот совет, ниту пак се грижеа она што го рушеа да го соберат адекватно и потоа да го транспортираат на депонијата.

Најпрвин шутот го фрлаа во контејнерот, но кога беа предупреден дека возилото што го собира  сметот може да се оштети, останатиот шут го ставија во вреќи го фрлија како што сакаа и си заминаа, а еве и ден денес шутот стои.

Иако отстранувањето на сметот е обврска на сопственикот на објектот кој ги изведува градежните работи, тој како да чека да дојдат од комуналното претпријатие да му ги соберат неколкуте вреќи и да му ги транспортираат до депонијата иако тоа не е дел од нивната работа.

До кога ќе стои овде шутот не се знае, но по се изгледа по реакциите на граѓаните некој пак ќе мора да дојде од комуналното и да го собере шутот за да газдата не биде преоптеретен со нова обврска.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ