ЕДНАТА ШАХТА ДЕЛУМНО ОСПОСОБЕНА, ПРОБЛЕМИТЕ ОСТАНУВААТ

јуни 24, 2023
0 минути

Еден ден по објавата за проблемите кои се на дел од улицата „Димитар Влахов“ особено во време на дождови екипа испратена дојде на самото место го отстрани дел од асфалтот што ја блокираше едната шахта, го оставија на тротоарот и си заминаа.

Едниот шахта е делумно оспособена но проблемите остануваат бидејќи втората која е на само пет метри подалеку од првата не е ниту пипната па водата повторно се собира бидејќи таа е на пониска точка од делумно исчистената, а згора на се и она што се остави на самиот тротоар попречува на минувачите, но и на оние кои ги паркираат возилата.

Не е проблем да се дојде и да се заврши дел од работата, проблемот е што тоа треба да е ефикасно за да повторно не блокира улицата со машините.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ