САМО БОД ЗА „ОСОГОВО“ ВО ГРАДСКО, „СЛОГА 1934“ НА БОД ДО ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА

Во Спорт
декември 4, 2021
1 минути

Само бод за „Осогово“ на гостувањето во Градско. Иако најавуваа сигурна победа како повод од последните резултати, „жетварите“ во рамките на 13-тото коло на гостувањето кај „Локомотива“ дојдоа само до еден бод. Домаќините од првата и речиси единствена шанса го творија резултатот уште во 7’ а кочанчани го израмнија во 53’ а стрелец на погодокот беше Тоше Манов. Инаку натпреварот во кој доминацијата беше на страната на гостите изобилуваше со остри стартови и расправии помеѓу играчите па судија Дарко Стојчевски од Скопје мораше да покаже три црвени картони, еден кај домаќините и два кај гостите (Енес Цури и Екрем Мемеди).

Во Прилеп, дерби натпреварот заслужено го доби екипата на „Слога 1934“ која ја совлада „Победа со 2:1 (1:0) и на две кола до крајот на есенскиот дел од сезоната е на бод до освојување на есенската титула.

Во Радовиш одличната игра преку целиот натпревар гостите од Македонска Каменица ја крунисаа со три гола во мрежата на „Детонит Јуниор“ и три бода на контото што ги искачи на второто место на табелата.

„Кит Го“ со доста мака со двата гола на ветеранот Бошко Ступиќ ја совладаа борбената екипа на „Братство“, додека натпреварот во Струмица не даде победник.

Резултати од 13-тото коло:

„Локомотива“ – „Осогово“  1:1

„Детонит Јуниор“ – „Каменица Саса“  1:3

„Победа“ – „Слога 1934“  1:2

„Кит Го“ – „Братство“  2:1

„Беласица“ – „Кожуф“  1:1

На табелата води „Слога 1934“ со 31 бод, пред „Каменица Саса“ со 27, „Победа“ 26, „Беласица“ 24, „Кит Го“ 19, „Осогово“ 18, „Кожуф“ и „Детонит Јуниор“ 14, „Локомотива“ 6, „Братство“ 5.

Во следното 14-то коло кое се игра во Вторник (07.12.2021) „Осогово“ ја пречекува екипата на „Победа“.

С. Ивановски