ЈАСИН МУШЕ НА ПРОБА ВО КСАНТИ (ГРЦИЈА)

Во Спорт
декември 8, 2021
1 минути

На едно коло до крајот на есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток, играчот на „Осогово“ Јасин Муше замина на проба во ФК „Ксанти“ (Грција) кој моментно се натпреварува во Супер Лига 2 и по одиграни 5 кола се наоѓа на втората позиција со 13 бода, односно бод помалку од водечката „Вериа“.

„Моментно сум на проба во екипа на Ксанти член на Супер лига 2 или во вториот по ранг натпреварување во Грчкото првенство. Поради мала минутажа во Осогово“ решив да побарам друг клуб каде мислам дека моите фудбалски можности ќе дојдат до израз. Верувам во себе и затоа се решив да дојдам во овој познат Грчки клуб кој има одлични шанси од следната сезона да настапува во Супер лигата на Грција. Деновиве ќе ги поминам овде на проба а потоа ќе бидете информирани што и како понатака“ ни изјави Муше во телефонскиот разговор.

Се работи за млад и доста талентиран играч кој иако имаше мала минутажа во „Осогово“ со неколку потези покажа дека се работи за играч пред кого претстои една убава фудбалска иднина.

С. Ивановски