ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – „ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2023“ СО САМО ШЕСТ ЕКИПИ ?!

јули 22, 2023
1 минути

Почитувани граѓани на Чешиново-Облешево оваа година се оддржуваат 51 те по ред ИСИ.  За жал како никогаш досега не било помизерно и пожално. Не е објава за политички поени или  рејтинг  , ова  е објава со која сакаме да алармираме загриженост и да се постави прашањето  каде е грешката за постепеното згаснување на еден од најголемите традиционални турнири на нашата општина ?

На годинешните ИСИ настапуваат само 6 екипи ,најмалку до сега од кога се оддржуваат. Локална медиумска покриеност како од годините нема што е исто така срамно. Комуналното претпеијатие  не го подготвило теренот за турнирот , а секако ништо и не работат освен  “клати врата земај плата”.

Дали  е случајност или причина менаџирањето на Далибор Ангелов и ВМРО ДПМНЕ со општината?

Зошто  турнир на кој главен покровител е општината да го достигне ова бедно ниво?  Го прашуваме Далибор Ангелов и ВМРО ДПМНЕ дали имаат чувство на одговорност поради ваквата состојба на ИСИ  или поважни се годишните летни одмор и задоволувањето на сопствените каприци.  Иронијата да е уште поголема Далибор Ангелов е од Чешиново , селото каде се оддржуваат ИСИ ,  каде што пораснал и живеел ,но изгледа нема  никаква вредност и тој факт туку важна е само фотелјата .

Се надеваме на одговор бидејќи истата господа политиканти  креираше лаги и невистини дека не била исплатена паричната награда на победниците на ИСИ  за време кога СДСМ ја водеше општината   и кога на турнирот имаше по 16 екипи и организација која тешко ќе се повтори.

Со почит

ОО СДСМ Чешиново-Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ