ТЕРЕНСКИ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ЗА ПЕРИОД 10-19 АВГУСТ 2023

август 19, 2023
1 min read

Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул. “Григор Прличев”, ул. “Охридска”, ул. “Раде Кратовче”, ул. “Поп Арсов Блаже”, ул. “1 ви Мај”, во с. Прибачево, во с. Оризари и други локации.

Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица исто така спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните места: чистење сифони на повеќе локации во градот, отпушување и чистење на улична фекалана канализација со мала цистерна со притисок и перење на истата во с. Оризари, контрола на фекални шахти на повеќе места во Кочани и рачно чистење на сливници во населените места околу Кочани.

Екипите на КЈП “Водовод” – Кочани посветено ќе продолжат да спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот и околните места со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до своите корисници за рационално користење на водата во овој период од годината кога имаме зголемени температури, за да се намалат дефеците на водоводната мрежа и да се овозможи функционирање на системот без рестрикции!

КЈП  „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ