Со ангажираност на екипи од МВР потпомогнати со хеликоптер, пожарникари од Кочани и доброволци од ДПД – Кочани и пехчево синоќа околу 19:00 часот е изгаснат големиот пожар што избувна најпрвин на територијата на општина Чешиново-Облешево и се прошири кон селата Врбица, Буниш и Турско Рударе.
Зафатена површина од околу 800 хектари нискостеблеста шума и сува трева.
Освен припадници на МВР и еден хеликоптер во гаснењето на огнената стихија ТППЕ – Кочани ја мобилизираше целата единица со сите расположливи средства и возила а ДПД – Кочани интервенираше со 2 возила и 8 доброволци на кои подоцна им се приклучи уште 1 возило и 4 доброволци од Пехчево.
Огнот е изгаснат нешто пред 19 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ