ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ – АКТИВНОСТИ ВО ЦРНА ГОРА

август 29, 2023
1 минути

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора, како и минатата година и оваа година единствени претставници од Македонија.

За време на фестивалот ги имаше следните активности:

– 24-ти август: дефиле и настап во Порто Монетенегро, слободно време за плажа,

– 25-ти август: прием кај градоначалникот на општина Тиват, учество на Игрите без граница, каде што победија и освоија пехар, засадување на дрво во паркот во Тиват, работилница со учење на црногорски ора, слободно време за плажа,

– 26-ти август: крстарење со брод низ Бокакоторскиот залив, дефиле и гала вечер, слободното време за дружење кај збратимениот КУД Бијела од Бијела, Херџег Нови. Ансамблот престојуваше во најубавиот град во светот Котор, според истражувањата на познатиот британски магазин „Тајм аут“. По завршувањето на гала концертот, доделувањето на благодарници и затворањето на фестивалот, Ансамблот имаше ноќњвање во ски центарот Вучје, во близината на Никшич. На – – 27-ми јуни заедно со пријателите од Никшиќ и Бијела, Херцег Нови, беа на крстарење и разгледување на Пивското езеро во Плужине.

Во Плужине е потпишан мемурандум за соработка (повелба за пријателство и збратимување) со Јавната Установа Образовен центар Плужине.

Во предвечерието на големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица го посетиле манастирот Св. Василиј Острошки на

Острог. Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на: – Фолклорн смотри 2023 – СОФАМ Источен регион на 10-ти септември. – 38-то издание на МФФ Истибањско Здравоживо на 13-ти септември. – од 21-ви до 24-ти септември на 7-от МФФ во Игало, Херцег Нови, Црна Гора.

ФА !Љупчо Сантов“ – Оризари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ