ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА СТАНИЦАТА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ ВО МОЈАНЦИ

октомври 6, 2023
1 минути

По повод одбележувањето на роденденот и 75-годишнината од основањето на Градежниот факултет во Скопје, актуелни и пензионирани професори, асистенти и студенти, заедно со деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, денеска ја посетија Станицата за третман на отпадни води во Мојанци.

Пречистителната станица во Мојанци претставува  еден од поновите капитални проекти во кои Градежниот факултет дал свој придонес.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги поздрави гостите, кои пак искажаа подготвеност за поддршка на Општина Кочани во реализацијата и на други проекти.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ