ВЕЧЕРВА – ЈАВНА РАСПРАВА ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА

октомври 16, 2023
0 минути

Вечерва, во 18 ч., во салата на Мултикултурниот центар, Општина Кочани ќе реализира јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот за 2024 година.

На консултативната средба, граѓаните ќе имаат можност да предложат проекти од развојните програми: за градежно земјиште, за водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, за јавно осветлување..

Општина Кочани ги поканува сите заинтересирани граѓани, месните и урбаните заедници да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ