ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШНО ГО ЗАВРШИ ТРИАТЛОНОТ „IRONMAN 70,3“ ШТО СЕ ОДРЖА ВО ГРЦИЈА

Во Спорт
октомври 24, 2023
1 минути

Даниел Илиев постигна уште еден голем успех. Имено тој во текот на вчерашниот ден успешно го заврши триатлонот „Ironman 70,3“ што се одржа во Грција.

Триатлонот беше со вкупна должина 113 километри од кои 1,9 километар пливање, 90 километри велосипед и 21,1 километар трчање.

По успешно завршениот триатлон Илиев на својот профил објави:

Зошто тај степен на спорт?  Како маж, моја работа е да станам доволно силен за да ѓи заштитам оние што ги сакам. Овој триатлон ми даде: А) Статус, Б) Моќта на визуелизација, Ц) Благодарност

А) статусот е важен, беше и секогаш ќе биде, дури и во животинското царство. Храната не е единственото гориво за нашето тело, всушност емоциите играат многу поважна улога и издигнувајќи се на повисок ранг во племето или заедницата, дури и социјалните медиуми, автоматски привлекуваме повеќе публика што ни дава емоционална размена која го наелектризира нашето тело со еуфорија. Ова ни дава суштински напредок на исполнување. Кога ќе достигнеме повисоко ниво на статус, можеме да ги заштитиме луѓето што ги сакаме, можеме да бидеме примери, лидери, креатори, да ги водиме луѓето кон вистински живот, љубов, мир, слобода и да го вратиме повторно она што е заборавено.

Б) Моќта на визуелизација, е самодовербата да се визуелизира сè што сакаме да постигнеме. Поминав преку 6 часа на триатлон, ништо навистина не изгледа невозможно повеќе, само му одржав лекција на умот, а ограничувањата станаа помали. Спортот не е само за одржување на добро физичко тело и емоционална сила, туку исто така ни дава моќ да се издигнеме над корумпираниот систем и да создадеме пат кон светла слобода. Спортот ја зголемува циркулацијата, а циркулацијата е процес на заздравување на целото тело и духот, со други зборови, враќање на невиноста, на нашата стандардна поставеност како социјални животни, спремни за прилагодба но избор за мир.

Ц) Благодарност…После маратонот секој момент ми изгледаше посладок од претходно, секој ден на плажа, секоја прегратка секој залак на сочно овошје ми беше поубав. Но запамтете, еден ден некаде на патот на овој удобен модерен живот, ќе изгубиме допир на благодарност, тогаш ќе добиете повик, одговорете го и дивејте.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ