ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

ноември 22, 2023
1 минути

По повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, Општина Кочани организира  хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.

Во програмата што ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на 1 декември (петок), во 10:30 часот, ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.

Овој настан е со донаторска цел – да се приберат средства за набавка на помагало за  движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.

Општина Кочани ги повикува сите правни и физички субјекти  да се вклучат со свое учество во донаторската акција и да им помогнат на учениците кои имаат тешкотии со пристапот до училишните простории.

Средствата од оваа донаторска акција ќе ги прибира  Црвен крст Кочани. Готовина може да се донира на самиот настан, а уплатата може да се врши на сметката на ОО Црвен крст – Кочани: 270040487680189, Халк банка.

Донаторите ќе бидат промовирани на денот на поставување на помагалото во СОУ „Гошо Викентиев“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ