ОД ПЕТОК СИТЕ УЧЕНИЦИ ЌЕ КОРИСТАТ ЈАВЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

октомври 3, 2023
1 минути

Од Петок сите ученици ќе користат јавен автобуски превоз на сите релации кои учениците ги следува.

Имено превозот на некои ученици досега не се реализираше целосно од причина што за дел од релациите не беше обезбеден превозник а се поради неповолните цени што беа понудени од училиштата а не беа прифатени од страна на превозниците. Токму од тие причини Јавниот повик беше повторен а истиот денес заврши.

Дознаваме дека авто превозниците ги прифатиле понудените цени и дека договорите помеѓу училиштата и авто превозниците ќе бидат потпишани во Петок со што и официјално сите ученици ќе користат автобуски превоз и на релациите кои беа до сега спорни.

Значи прифатени се цените понудени од училиштата и учениците ќе можат од Петок да ги користат и овие релации:

Дел 1 – Градски превоз

„Авто Атом“

Дел  2 – Оризари – Кочани – Оризари

„Тасим Компанија“

Дел  4  – Долни Подлог- Горни Подлог – Мојанци – Кочани и обратно

„Шенк Томе Тасев ЈТД“ Облешево

Дел  7

Теранци – Спанчево – Бања – Кочани и обратно

„Шенк Томе Тасев ЈТД“ Облешево

Значи сите недоразбирања на релација училишта – авто превозници се надминати и учениците нема во иднина да се  превезуваат на товар на домашниот Буџет.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ