ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ КОНКУРС НА ТЕМА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

декември 4, 2023
1 минути

Под мотото Заедно за подобра иднина, на тема Мултикултурализмот во нашата заедница, Општина Кочани и Цивил – Центар за слобода, реализираа конкурс за ликовни творби за учениците од основните училишта во Кочани.

Со цел да се поттикнат учениците да размислуваат за културните, етничките и верските различности и да градат култура на почитување на различностите, на ликовниот конкурс учествуваа 22 ученички и ученици од четири основни училишта во Кочани, од кои дванаесетмина беа наградени.

Наградите на најуспешните ликовни творци им ги врачи градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Притоа Папазов истакна дека солидарноста, хуманоста и уметноста се одличен спој постојано да работиме на отстранување на бариерите – физичките и психичките, и да градиме заедница без пречки.

Благодарност за соработката со Општина Кочани изразија претставниците на Цивил- Центар за слобода кои ги споделија пораките од организацијата и им доделија благодарници на сите учесници, на нивните наставници и на училиштата со кои соработуваа.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ