ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА – МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЃУРИШТЕ 2022“

ноември 11, 2022
1 минути

Во Салон „Фоаје 1“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани денес беше отворена изложбата од 16-тата меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2022“

27 дела изработени во акрил на платно се поставени на изложбата која љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат во следните две седмици.

Годинешната Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ 2022 се одржа од 15 -20 август. На истата учествуваа 10 (десет) ликовни уметници од Бугарија, Црна Гора и од Македонија, кои ја збогатија ризницата на Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе со прекрасни уметнички дела кои ќе останат да сведочат за убавото и вечното.

Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ своето прво издание го имаше сега далечната 1999 година.

С. Ивановски