Членовите од двата мото клуба во Кочани „Strong riders“ и „Желки“ она што го најавија во целост го реализираа.
Денес по повод Новогодишните празници поголем број членови од двата мото клуба од Кочани облечени во костимот на најпопуларниот дедо, Дедо Мраз, најпрвин со нивните мотори продефилираа низ улиците на Кочани за да финишираат во „Паркот на Револуцијата“.
А таму, ги чекаа голем број дечиња кои беа дојдени да ја поздрават оваа нивна идеја која годинава за прв пат се организира. Дојдоа и не зажалија бидејќи моторџиите , Дедо мразовците на дечињата им поделија повеќе од 300 пакетчиња кои беа собрани како донација од неколку компании и поединци од општината.
На забавата во паркот на моторџиите, Дедо мразовци им се придружија и членови од Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и членови од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани кои исто така подарија пакетчиња за најмладите.
Успешно реализирана една идеја која уште еднаш покажа дека на Кочани му недостасуваат вакви забави.
Беше денес, нека се повторува и во следните години.
Среќна Нова 2024 година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ