Членовите на ИО „Ластовица” од Кочани и овааа година се наоѓаат на својот традиционален зимски камп на „Пониква“ кој започна на 09 Јануари а ќе трае до 12 Јануари.
Во кампот учествуваат извидници и четири старешини. Освен основните извиднички вештини, децата имаат и предавања за ориентација и движење во планина во зимски услови.
Активностите на снег во текот на денешниот ден беа изведувани од страна на обучувачи од СИМ, а веќе за утре (Четврток) е предвидена обука за прва помош од страна на активисти на „Црвен крст” од Кочани.
Исто така за учесниците на кампот беше организирана и кратка обука по скијање.
Благодарение на новопаднатиот снег времето поминато на санки и скии мораше да биде продолжено на барање на децата.
ИО „Ластовица“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ