ЗГ БУДНОСТ: ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЛЕВИЦА НЕМА КРАЈ

февруари 27, 2024
1 min read

Почитувани граѓани на Општина Кочани,  Вие заслужувате да ја знаете вистината.

На 36-тата седница на Советот, како точка на Дневен ред беше петицијата за конечно исфрлање на родовите компоненти од Локалниот акциски план за еднакви можности на мажите и жените. Една од најгласните во Советот по ова прашање беше Жаклина Свеќаровска-Филипова од Левица, која изјави само лаги, интриги и манипулации и дека барањето на Родителски фронт е адресирано на погрешна адреса.

Ја прашуваме советничката Жаклина Свеќаровска-Филипова да ни одговори:

1. Дали и каде во Уставот постојат термините род, родова еднаквост и сите останати кованици и изведенки од род?

2. Дали постои закон за родова еднаквост или закон за еднакви можности на мажите и жените?

3. Зошто отворено не кажете дека вие од Левица сте левичари и прогресивци, кои отворени сте про-ЛГБТ, а со тоа и родовата идеологија, а против обичниот народ, кој се смета за верник?

Драги кочанчани, под точка 20 од Изборната програма на Левица за 2016 год., како и за 2020 година, пишува: „Работење на надминување на хомофобичните ставови, на дискриминацијата и стигматизацијата на припадниците на ЛГБТ лицата во општеството“, повеќе од јасно е дека Левица се про-ЛГБТ. Левица формира и Антифашистички фронт на жените, со што отворено застанаа против верниците и религијата. Тоа и не треба да нѐ чуди штом доаѓа од некој кој го застапува марксизмот како идеологија.

Левица имаат дадено изјава која сѐ уште стои на ЛГБТИ+ веб страната на Субверзивен фронт сега преименувани во Квир Центар:

• Левица ќе поддржи ВОВЕДУВАЊЕ НА СОДРЖИНИ ПОВРЗАНИ СО ЛГБТИ прашањата како дел од веќе постоечки предмети од НАСТАВНАТА ПРОГРАМА на средните училишта, со цел да ја зголеми толерантноста и социјалната вклученост и да ја намали дискриминацијата и насилството кон ЛГБТИ луѓето • Левица ќе поддржи воведување на сексуална ориентација и РОДОВ ИДЕНТИТЕТ како заштитени карактеристики во досегашниот Закон за спречување и заштита од дискриминација

• Левица ќе поддржи иницијатива за ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ секаде каде што има дискриминација на ЛГБТИ лицата и цврсто ќе се заложи за санкционирање на насилството врз ЛГБТИ лицата и говорот на омраза, при што телата и комисиите кои ја регулираат оваа сфера конечно да испорачаат резултати

• Левица би поддржала законска иницијатива за промена на постоечкиот закон кој ќе препознава семејства составени од ИСТОПОЛОВИ двојки • Левица би поддржала иницијатива за законски измени со кои ќе се овозможи МЕНУВАЊЕ НА ПОЛОТ за трансродовите луѓе на нивните официјални документи и ДОКУМЕНТИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

Драги кочанчани, што повеќе Ви треба од ова за да го разберете лицемерието на Левица и на советничката Жаклина Свеќаровска-Филипова.

Доста ни е веќе од вакви партии и ликови кои се против семејните вредности и кои врз сето тоа, нѐ гледаат во очи и нѐ лажат!

Здружение на граѓани

БУДНОСТ

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ