ДОДЕКА СИТЕ СПИЕЈА СОВЕТНИЦИТЕ „ЛОВЕА ВО МАТНО“

јули 9, 2022
1 минути

Советниците на Општина Кочани рано утринава додека сите спиеја ја одржаа 14-тата седница на Советот на Општина Кочани, не од причина што требаше и мораше да се одржи, туку по она што се случуваше и што некои одлуки се донесоа „ во матно“, само за да додека сите се разбудат се биде завршено.

Дека седницата имала чуден карактер како од нејзиното закажување па се до нејзиното завршување доказ е реакцијата на советникот Венко Крстевски која во целоста ја пренесуваме и која е објавена на неговиот профил.

„Почитувани сограѓани, По завршување на денешната седница сакам да ве известам дека размислувам за повлекување од позицијата Советник на Општина Кочани. Со пазарот на релација вмро дпмне и структури од сдсм сериозно е нарушен ОПШТЕСТВЕНИОТ ИНТЕРЕС за сметка на ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА и е нанесена голема штета буџетот на Општина Кочани и кочанчани. Јавноста треба да знае дека дел од сдсм (со претходен меѓусебен договор) аминуваше осум партиски вработувања во Локалната самоуправа, даде ,,зелено светло” за планот за вработување во СОУ ,,Љупчо Сантов” и неколку други точки, за сметка на тоа од вмро дпмне ќе се ,,раздолжат” со неколку решенија за нивни членови во образование.  Следните денови заедно со дечките од нашата листа ќе разговараме за понатамошното делување“.

Венко си го кажа своето а на граѓаните е сега да оценат дали оваа 14-та седница требаше и мораше да се одржи во сабота и истата да започне уште во 07:00 часот.

Но како и да е, денес позицијата и опозицијата натправија исчекор, си подадоа рака, заеднички си ги донесоа  одлуките кои им одговараат, и како што налага традицијата заедничката дружбата ја продолжија во некој од угостителските објекти, се разбира на сметка на граѓаните.

С. Ивановски