„БЕЛАСИЦА“ КАКО ДОМАЌИН МУ ОТКИНА ДВА БОДА НА „ОСОГОВО“ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ

Во Спорт
март 17, 2024
1 минути

Се играше четвртата минута од судиското надополнување кога домаќинот „Беласица“ го изведе последниот напад по кој му откина два бода на Кочанскиот второлигаш. Капитенот на домаќините Александар Милушев ја нафрли топката  од левата страна на неколку метри од голот на гостите, на неа натрча Христијан Чукарски и со глава го погоди левиот горен агол на немоќниот и дотогаш одличниот Ѓорѓи Јованоски.

Инаку гостите беа тие кои први дојдоа во водство. Се играше 16’ кога Фикрет Љиварека убаво продре по левата страна, следуваше остар центар шут, на топката натрча Александар Трајчевски, биеше од прва и топката се закова во мрежата на немоќниот Петар Јакимов.

Во 82’ домаќините не реализираа пенал. Александар Коцев биеше десно, полувисоко, но гостинскиот голман Ѓорѓи Јованоски со прекрасна парада го одбрани оправдано досудениот пенал.

Се на се интересен натпревар на чиј бод повеќе се радуваа домаќините.

Комплетни резултати од 21-то коло:

„Беласица“ – „Осогово“  1:1

„Скопје“ – „Охрид“  3:0

„Вардар“ (Н) – „Аресими“  0:0

„Караорман“ – „Пелистер“  1:4

„Кожуф“ – „Беса“  0:2

„Детонит Плачковица“ – „Тетекс“  2:0

„Каменица Саса“ – „Башкими“  1:0

„Новаци“ – „Победа“  2:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ