ЕФИКАСЕН ПОЧЕТОК НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР 2022

Во Спорт
јуни 25, 2022
0 минути

Со изведувањето на почетниот удар од страна на секретарот на Општина Кочани Дејан Рашков, вчера (Петок) на „Заградените терени“ во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ и официјално започнаа натпреварите од јубилејното 50 издание на „Петровденскиот турнир 2022“.

Се одиграа два натпревари на кои беа постигнати вкупно 14 погодоци, по седум на секој што навестува еден интересен и ефикасен турнир.

Во првиот натпревар „Џинџер“ славеше над екипата на „Пјаца“ 6:1, а во вториот „АНТ Градски“ беа поуспешни од „Еволушн“ 5:2.

Натпреварите продолжуваат денес кога на програмата се три натпревари:

19:00 часот  „Виктори“ – „ПЗУ Панов“ (Б група)

20:00 часот  „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“  (Б група)

21:00 часот  „Детелинка“ – „АНТ Грдовци“  (Г група)

С. Ивановски